underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

10 февруари 2009

Кабловски професионализам

Добро, како поднаслов, ќе го крстиме ова "Како НЕ СЕ ПОВРЗУВА кабел"...


Планирав за денеска нешто друго да пишувам, ама појдов на гости и си излезе сама темата за која е време да се пишува :)


Имено, многу пријатели ми фаворизираат де еден кабелски оператор во Прилеп, де друг... Моето ФИКСНО мислење е: Ниту едните се професионалци, ниту другите... Напротив, толку се аматери и двата оператори и тоа и на полето на Интернет, и на полето Телевизија... За телевизијата во друг наврат, сега сакам да обратам внимание на Интернетот, и тоа не како квалитет на услугата, туку само ќе воочам една од првите работи кои секому паѓаат в очи. Самиот кабел.


Знам дека сега многу Прилепчани едвај чекаат да кажам за кој оператор зборувам во специфичниов случај, но нема да ја кажам таа информација од проста причина што и другите се сосем исти... Толку се исти, што кога ова би го читале и едните и другите, освен евентуално по локацијата на последната слика, нема теоретски шанси да се препознаат дали се работи за самите нив, или се другите :)


Па да почнеме...


profi1[1].jpg


Означениот кабел е УТП кабелот кој дистрибуира Интернет до компјутерот. Колку "професионално" е наместен УТП конекторот нема да коментирам (заборавив да го сликам, па да не чукам празна слама). Како што гледате, нема прицврстување ни со класична шелна (чини 1 денар и 4-5 удари со чекан за да се закова во дрвениот рам од прозорецот), ниту пак има некаква стега, која ќе обезбеди фиксирање на кабелот од внатрешната страна, во случај на истегнување од надвор...


profi2[1].jpg


...да , токму така, не е фиксирано ни однадвор :)


Да видиме понатаму...


profi3[1].jpg


...уау, се погрижиле за истегнувањето, има околу 20 метри екстра кабел (не трескам, реално приближната должина е таа)... па ако на комшиката од горе и` падне јорганот преку нашиов кабел, има доволно за до приземје. Само... нели ова предизвикува загуби во сигналот??? Незнам за каков кабел се работи, но ако нема оплет, овој кабел совршено би создавал интерференција сам на себе, од сопствениот сигнал...


...и најпосле...


profi4[1].jpg


...околу 30 метри кабел без ниедна потпирна точка од бандера до тераса? И ова наместено на околу 7 степени надворешна температура? Значи, летово нашиов кабел може да им смета на комшиите од подолниот кат...


И сега имам неколку прашања:


Прашање за моите пријатели: Дали сеуште мислите дека нашиве Прилепски оператори нудат квалитетна услуга?


Прашање до операторите: Знам дека најважно Ви е само да ги земето парите... Денес, на секој бизнисмен очигледно само тоа му е важно. Ама...


1. Како е можно да не ви изгледа невкусно сето ова?


2. Колку ви се зголемува профитот (а, колку Ви се намалува) со тоа што не местите switch на самата зграда, од каде може кабелот да се пушти по многу покултурен пат, а истовремено до тој switch кабелот може да стигне по многу покултурен пат?


И до општината: Претпоставувам дека ова ми е точно адресирано, ако не, препратете...


Кој им дава дозвола на нашиве кабловци да ни провиснуваат кабли по небото, во време кога во цел Свет сето ова оди подземно?


Патем, ако веќе мора да се решава вака, делете им барем прирачници за: етика и естетика и пропишете соодветни казни за тие што не се придржуваат до тие прирачници...


Па, до пред некои 10 години, Прилепското небо беше полно со чафки, а сега... незнам... чафки можеби има (додуша за ова се погрижи општината и најде начини и средства да ги иссели чафките, рака на срце), ама... не сум сигурен дали има чафки или не... не можам да видам... кога и да го насочам погледот нагоре, заглавувам на кабли... попречен сум...




Technorati : , , ,

Del.icio.us : , , ,

Zooomr : , , ,

Flickr : , , ,

09 февруари 2009

На екскурзија

Вчера бевме малку на екскурзија, до манастирот Св. Петка, Лениште. Нема да раскажам впечатоци, само ќе споделам со вас 8 од сликите кои ги направив таму, па ако како што велат, сликата вреди 1000 збора, исто како да сум напишал пост од 8 000 збора :)


Ако сликите побудат интерес во Вас за местото, се наоѓа на излезот од Прилеп, кон Плетвар. Сигурно Прилепчани го знаат "Ленишки Мост", е па токму пред него се врти десно, има знак. Ако доаѓате од другата страна (од Скопје, Велес или Кавадарци на пример) тогаш, веднаш после мостот лево... На нешто помалку од 2,5 километри пред клучката на влезот од Прилеп...


За подетално заинтересираните, Google Earth в раце и еве координати: Ленишки Мост, латитуда: 41°21'53.27"N, лонгитуда: 21°36'26.80"E. Манастир Св. Петка - Лениште, латитуда: 41°21'32.66"N, лонгитуда: 21°37'37.63"E



1.jpg


2.jpg


3.jpg


4.jpg


5.jpg


6.jpg


7.jpg


8.jpg