Пребројав сега, од 2000-та наваму сум го преживеал крајот на Светот од 27 до 31 пати. Оние 4 се сите за 2012, па им давам малку фора :)
Доаѓал крајот на Светот на 21.12.2012 - ова е некако најпопуларно во последно време. Незнам за другите, ама јас направив кратка евалуација. Па да резимирам:
Откако сум роден, досега сум преживеал (и тоа like a boss, без око да ми трепне, Чак Норис да ми позавиди) најмалку 3 мегапопуларни краеви на Светот. Всушност, 97 (деведесет и седум) според една покомплетна листа + неколку најавени како „наскоро“ во меѓу-годините. На таа пократката листа, според мене, Нострадамус е најблизу до точниот датум (типува на 3797-ма година). Интересен е фактот дека ако е во право, нема да има кој да потврди, бидеќи сум приметил, откако нешто ќе се случи, после тоа велат „а бе грешно сме толкувале, еве гледај, убаво тој си напишал дека ова ќе се случи“ :)
Ај сега, заминав да си го поживеам животот, да искористам до кај 21-ви Декември. Ќе се читниме во меѓувреме, а ако допамтам, на 22-ри Декември, ќе Ве отпоздравам со една објава: „Како си поминавте за -Крајот на Светот?- п.с. Се молат сите преживеани да се пријават на средсело, да се преброиме колку сме и да тргниме во потрага по останати преживеани“.