underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

22 февруари 2013

Па добро, до кога бе?

Немаме работнички права, немаме ова, немаме она... НЕМАМЕ ДЕЛОВНА КУЛТУРА за почеток!
Поентата ми е, огласи за вработување како овој на сликава, треба комплетно да се игнорираат.


Нема информација кој го објавува огласот (која фирма), ниту за каков договор се работи, ни за колку времетраење, ни за плата...

Фирма (добро, тоа го сватифме, ама КОЈА фирма и со што се замимава?) има потреба од комуникативни девојки и момчиња (девојки и момчиња се - личности, овде се работи за блага форма на дискриминација, бидејќи од текстот се чита дека барате пред се ДЕВОЈКИ) за работна позиција -продажба и презентација (на што? авто делови? тешка механизација? автомобили? компјутери? прехрамбени производи? гардероба? лекови? кондоми? дрога? ШТО треба да прадавам и презентирам?).

И покрај целосната нејасност на огласот, крајно, истиот добива оцена 4/10 кај популарност на компанијата, ама ова е проблем на web порталот кој дозволува да се гласа без внесено име на фирма, а оцената е јасна, 10-ка си дале сами и 2 единици. :)