underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

01 септември 2012

Се работи!


Влезот е забранет! Се работи. Не се знае точно кој кого го работи, во главно, секој работи што/кого ќе стигне. Но логиката вели дека политичарите го работат народот - и тоа на големо.

31 август 2012

Крајот на Светот се ближи (по n-ти пат)

Пребројав сега, од 2000-та наваму сум го преживеал крајот на Светот од 27 до 31 пати. Оние 4 се сите за 2012, па им давам малку фора :)



Доаѓал крајот на Светот на 21.12.2012 - ова е некако најпопуларно во последно време. Незнам за другите, ама јас направив кратка евалуација. Па да резимирам:

Откако сум роден, досега сум преживеал (и тоа like a boss, без око да ми трепне, Чак Норис да ми позавиди) најмалку 3 мегапопуларни краеви на Светот. Всушност, 97 (деведесет и седум) според една покомплетна листа + неколку најавени како „наскоро“ во меѓу-годините. На таа пократката листа, според мене, Нострадамус е најблизу до точниот датум (типува на 3797-ма година). Интересен е фактот дека ако е во право, нема да има кој да потврди, бидеќи сум приметил, откако нешто ќе се случи, после тоа велат „а бе грешно сме толкувале, еве гледај, убаво тој си напишал дека ова ќе се случи“ :)

Ај сега, заминав да си го поживеам животот, да искористам до кај 21-ви Декември. Ќе се читниме во меѓувреме, а ако допамтам, на 22-ри Декември, ќе Ве отпоздравам со една објава: „Како си поминавте за -Крајот на Светот?- п.с. Се молат сите преживеани да се пријават на средсело, да се преброиме колку сме и да тргниме во потрага по останати преживеани“.

п.с. А, кај планирате да одите за „Крајот на Светот“? :)

================== ================== ==================

Breaking News (додадено на 04-09-2012)


24 ноември 2009

LHC ја постигна целта на своето постоење

21-11-2009 - LHC е повторно активиран (како побогу немаше пак паника?)

24-11-2009 - денеска - утрово LHC за прв пат ја постигна целта за која е изграден - изврши судир на протони :)

11:12 - овој момент - па јас пишувам за ова? Значи го преживеав „армагедон“-от кој го предвидуваа скептиците? :)

Ги молам сите научници по душа да прослават заедно со мене во приватност на најблиското друштво со чашка алкохол, сокче или кафенце.

п.с. Се молат верниците да тркнат до црква и да запалат свеќа на неколку светци што се потрудија тие како мене (шо јадефме лајна базирани на квантна теорија и математика) да бидат во право, а скептиците (шо јадеа лајна базирани на бабини деветини и блесави неиздржани математики) - да НЕ бидат во право :)