underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

16 јануари 2009

Менување на MAC адреса

Можеби сте се запрашале, како да си ја смените MAC адресата? Или не? Веројатно, повеќето кога го читаат ова, се прашуваат себе си, зошто би имале потреба некогаш да ја сменат MAC  адресата? Можеби многумина се прашуваат и „Што е тоа MAC адреса?“... Па, да почнам по ред...

1. Што е MAC адреса? - MAC адреса, е физичка адреса на мрежните картички, која е зададена од производителот и е непроменлива. Нешто слично како IMEI на мобилните уреди. Или барем тоа треба да биде...

2. Зошто би имале потреба да ја смените MAC адресата? - Пред се, поради нефер кабловски оператори, кои го ограничуваат користењето на Интернет-от на само 
еден компјутер. Има и други причини поради кои некој би сакал да ја промени оваа адреса, ама тоа не ни е сега тема на разговор...

Туку да поминам на главното. Како?

Еве како, во кратки црти:

Отворете командна конзола. Ова наједноставно се прави со клик на Старт копчето, па избирате Run... и во полето пишувате "cmd" без наводниците и притискате Ентер. Друг начин е преку Start -> All Programs -> Accessories -> Command Prompt
По ова, ќе Ви се отвори командната конзола, која најчесто ја викаме DOS или DOS Prompt...
Тука, зададете ја наредбата "ipconfig /all" и притиснете Ентер, по што ќе добиете информации за сите мрежни картички во компјутерот, заедно со нивните MAC  адреси. Најдете ја посакуваната мрежна картичка (ако имате повеќе) и запишете ја моменталната адреса, за подоцна да можете да ја вратите.

Kако што се гледа на сликава, стрелката покажува на името на мрежната картичка, додека тековната MAC адреса е заокружена...

2. Одете на My Computer и кликнте со десното копче. Од менито кое ќе се отвори, изберете ја опцијата Manage. Ова ќе отвори прозорче за менаџмент на системот.
Од левата страна има дрвест преглед на опции, каде под System tools треба да одберите Device Manager, па на десната страна најдете
 ја ставката Network adapters и под неа, најдете ја соодветната мрежна картичка. Кликнете два-пати врз неа (или кликнете со десното копче, па одберете Properties)...

По ова, ќе се отвори ново прозорче, со својствата на мрежната картичка.
Тука, изберете ја страничката Advanced. Најпрвин кликнете на својството Network Address, потоа изберете го радио-копчето Value, во полето напишете ја посакуваната адреса (мора да биде составена од 6 HEX сегменти со вредност помеѓу 00 и FF, значи 12 знаци кои можат да бидат бројки од 0 
до 9 и букви од A до F).
Кликнете на Ok и тоа е тоа...


Вратете се на командната конзола и зададете ја повторно командата "ipconfig /all",  за проверка...
Се разбира, сега ја имате новата адреса за оваа картичка.
Ако сакате повторно да ја вратите својата оригиналана адреса, само вратете ја опцијата на Not Present. Ако случајно ова не ја врати вашата оригинална адреса, внесете ја рачно во полето (најпрвин ја запишавме оригиналната, бидеќи се случува понекогаш истата да не може автоматски да се врати).

Барем во Прилеп, сведоци сме на безобразен однос од некои кабелски оператори кои обврзуваат користење на Интернетот само на еден компјутер. Со ова трикче, можете да го поврзите и користите нивниот интернет и на друг компјутер (се разбира, ќе мора на другиот компјутер да креирате конекција со вашето име и лозинка).
Исто така, често пати можат да ви кажат дека вашата MAC адреса е зафатена, или дека мрежната картичка ви е „кодирана“ или „неисправна“... Не трчајте по нова, туку замолете ги да причекаат и безобразно (како што и тие се однесуваат) сменете ја MAC адресата пред нивни очи и замолете ги да се обидат повторно...
Промена на MAC адресата на рутер е исто така возможна, но ова засега го немам пробано и незнам дали тоа би овозможило користење на рутер за делење на Интернетот.

Се надевам дека за брзо ќе се створи хаос со MAC адресите во градов и конечно тоа ќе ги вразуми операторите. Време е да сфатат дека продаваат Интернет и не е нивни проблем дали ние го користиме на 1 или на 100 компјутери.

p.s. Ако ова Ви изгледа тешко, или случајно драјверот  на вашата мрежна картична не вклучува можност за промена на MAC адресата, пробајте со некоја од овие БЕСПЛАТНИ АПЛИКАЦИИ кои едвај Ве чекаат да ги симнете:

Или, едноставно, кликнете овде за автоматски да изгуглата многу повеќе на оваа тема:

Среќно...

Нема коментари:

Објави коментар