Најчесто кога сакаме да поделиме Интернет конекција, сакаме да ја поделиме меѓу 2 компјутери. Ова го прави инвестирањето во switch малку голема инвестиција. Освен тоа, често конекцијата е ограничена на само 1 (една) MAC адреса, па ова оневозможува користење на истата конекција на повеќе компјутери.
Овде ќе објасниме како најлесно да се раздели Интернет врската со користење на 2 мрежни картички (првата веројатно е интегрирана и активна на вашиот компјутер, а втората, се купува од продавница за околу 300 денари).
(вака изгледа, да не ве излажат :) )
Отакако вградивте втора мрежна, останува правилно поврзување... Бидеќи малку е незгодно да сликам кај мене (на незгодно место е, да не се олцнам во сликањето :) ), позајмив една слика од Интернет...
Во нашиот случај Lan Card 1 останува поврзана со кабелот на кој добиваме Интернет (значи од ADSL модемот или од кабелскиот оператор), додека Lan Card 2 се поврзува со вториот компјутер/лаптопот или Wireless Access Point-от. Овој начин на делење нема смисла ако имате рутер, освен ако сте лимитирани на MAC адресата на компјутерот... Во случај на потреба од промена на MAC адреса на некоја картичка, повелете овде "Промена на MAC адреса".
После ова, само треба на Интернет конекцијата да кликнете со десен клик и од менито да изберите Properties, па на страничката Advanced да ја чекирате (штиклирате) опцијата "Allow other network users to conect through this computer's Internet connection". Потоа од паѓачкото мени "Home networking conecction" изберете ја картичката која треба да го предава Интернетот до другиот компјутер/лаптопот/wireless access point-от... И тоа е тоа...
Треба да знаете:
-Врската меѓу двата компјутери се прави со мрежен кабел, поврзан со cross-over начин. Ако поврзувате Wireless Access Point на втората мрежна картичка, би требало да користите кабел, поврзан со strait начин. (најлесно е кабелот да го купите, но ако инсистирате да го направите сами, а не знаете како, google-ајте и ќе научите што значат спомнатите поими и како се прави кабелот. п.с. можеби во иднина ќе објавам и водич за тоа... можеби...)
-Картичката која ќе го дели интернетот, автоматски ќе ја добие IP адресата 192.168.0.1
-Вториот компјутер, треба да има адреса 192.168.0.x (каде x е било кој број од 2 до 255)
-Gateway адреса на вториот компјутер се мести 192.168.0.1
-Доколку операторот не ви дал адреси на DNS сервери, стандардните DNS сервери на T-Home се 62.162.32.5 / 62.162.32.6 и 62.162.32.9 и можат да се користат независно од операторот преку кој сте поврзани на Интернет.
Забелешка: Се шпекулира дека овој принцип на делење на конекцијата не функционирал на Прилепски Кабелнет. Немам пробано и не знам дали ова е точно, но би ценел ако некој од Вас проба и го каже своето искуство во коментар.
Среќно делење...
Kade se naoga pajdzatckoto meni "home network conecction" ?
ОдговориИзбришиInaku imam internet od Kabelnet Prilep i bas ke probam i ke te izvestam dali ke uspee.
Pozdrav!!!Dejan
Pisi mi na e-mail:
dejan.momiroski@gimail.com
momir, најпрвин се извинувам што катастрофално доцнам со одговорот, немав приметено дека има коментар (но ова не е оправдание).
ОдговориИзбриши"Home Network connection" паѓачкото мени се наоѓа веднаш под опцијата "Allow other network users to conect through this computer's Internet connection".
Најверојатно во неговото поле пишува „Select a private network connection“.