Никако не ми е јасно зошто се крена толкава фама за веронауката? За почеток, според мене тоа беше одвишен предмет. Тогаш кога сакаа да ја воведат, родителите се бунеа дека и безтоа децата веќе учат премногу глупости на училиште, а деновиве, медиумите ни ги перат мозоците како родителите штрајкувале за да не се укинува веронауката.
Хм.... Веронаука? Па незнам како можи еден дел од „митологија“ да го извадиш во одделна книга и да го крстиш „веронаука“? Еве, јас овде гласно сакам да кажам: НЕ САКАМ МОИТЕ ДЕЦА ВО УЧИЛИШТЕ ДА ИЗУЧУВААТ НЕКОЈА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА „ВЕРОНАУКА“!!! Верската определба е лична работа на секоја единка. Дали моето дете ќе сака да биде следбеник на некоја религија и која, е само негова одлука. Не можам и НЕ СМЕАМ ниту јас, ниту државата да влијаеме на таква лична одлука на нашите деца.
Многу е просто. Уште од мал, бев воспитуван како христијанин. Но кога пораснав, увидов дека религијата, односно црквата е само -политичка партија- која е вечно на власт. Црквата е БИЗНИС за свештените лица, и немој сега некој по коментари да ми кажува дека не е така, зошто има милион примери за ова и повеќе сум од сигурен дека секој од вас знае поп кој направил „грев“ пред негови или очите на негов близок. Секој од вас знае најмалку еден поп кој пред да биде поп одел пеш, возел точак или некое скапано фичо (ок, било каква кола стара над 25 години), ама одкако станал поп вози нов мерцедес, ситроен, bmw или шо и да е, ама над 20 евро камења. Точно?
Некни за Велигден бев во „Стара Црква“ во Прилеп. Од многу поодамна имам приметено, ама еве ја користам приликава да го кажам ова. Над „светите“ икони пишува „Не ставајте пари на светите икони. Ставајте ги во корпињата“... Демек, да не се разбериме грешно... Да не си помисли некој дека не треба да се оставаат пари. Така? А ако се спомни фискализација на црквата, тогаш одма свештениците очи со крстовите копаат. Така? Како тоа да смееме да имаме увид во тоа, која тешка пара се врти во „божјите храмови“?
А и „верниците“ се криви. Јас пари на икона не се сеќавам да сум ставил уште во времето пред да станам атеист. Која е поентата? Религијата те учи да не го цениш материјалното, туку духовното. А со оставањето на пари на икона, вршиш класичен случај на мито. Го поткупуваш светецот? Која е поентава не ми е јасно? А да не спомнувам (сигурно секој од вас си има некој за пример) дека има еден куп (пред се богати, бизнисмени...) кои низ животот СВЕСНО прават гревови и грешки, па после одат секоја Недела во црква палат свеќи и се клањаат до земја, редат икони... А изгледа никој не им објаснил дека џабе ти покајание, ако упорно продолжуваш намерно да грешиш...
Историја на религии веќе држи малку место. Тука веќе зборуваме за Светските култури од дамнешни времиња па до денес. Тука веќе се учи за феноменот -религија-.
Туку, ми се смачи да пишувам, а инаку и книга можам да напишам на оваа тема. Да скратам и да понудам едноставно решение (ок, смејте се, знам дека во оваа држава в очи да му кажуваш на оној кој одлучува е џабе... ама мое е да си кажам, па кој како сака...)
„Веронаука“ би можело да се изучува во приватни училишта - факултативно. Да бе, исто како гитара, тенис, англиски јазик, германски јазик... И за да биди фер, државата да ги покрива трошоците за ова. Откако по една година или две, ќе се увиди дека наставата ја посетуваат 2-3 деца на ниво на држава (иако неколку илјади „родители“ штрајкуваат), ќе се фино лепо укине и намали и тој трошок на државата...
Им благодарам за читањето на сите кои ме поддржуваат.
Им честитам што издражаа да прочитаат до крај, на сите оние кои НЕ ме поддржуваат.
Bless you ;-)

Нема коментари:
Објави коментар