underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

16 октомври 2012

Неколку ФАКти во врска со Грција

ФАКти:

1. Грција нема добрососедски односи со ниту една соседна земја.
2. Грција никогаш немала добрососедски односи со нито една соседна земја.
3. Грција нема добро-несоседски односи ниту со раката која ја харни (ЕУ/Германија).
4. Грција не е и никогаш не била спремна за преговори со никого и за ништо.

Од ова извлекуваме нови ФАКти:

1. Секој со грам мозок може да свати дека ЕУ буквално не е[тииит]е кога не условува да решиме било каков спор со горенаведените.
2. Секој со грам мозок буквално не е[бииип]е кога нам како народ и земја ни ветува влез во ЕУ.
3. И самите сме доста зае[бииип]ни кога веруваме во такви приказни.
4. И ЕУ е комплетно е[биип]на бидејќи свесно ни дава обврска да комплетираме mission impossible. (Нели и самите не можат да преговараат за ништо со горенаведените).

Заклучок:
Секој секого го е[тииит]е  во ситуацијава. Всушност, се работи за do FuckEveryone() while (pi==3,14) циклус, кој ќе заврши само тогаш кога администраторот ќе одлучи да притисне Ctrl-C или кога ќе снема струја (и бекап напојување) или евентуално ќе цркне компонента во системот која е критична за неговото функционирање.

The real Заклучок:
Сето натаму кажано е само замарање на народот, пардон - паметно смислено одвлекување на мислите од вистинските проблеми кои ги имаме како народ. Се разбира, смислено од луѓе кои се дебело платени од политичарите за тоа. ;)

Take a risk! Use your brain! THINK!!!

Е па, бог нека ни е напомош...

АНАЛиза на хомосексуалните бракови

Хомосексуалците сакале да им се легализира бракот. Сите викаат „уууаааа“... Па добро, можеби не сите, ама речиси сите... Ај малку да го анализириме :) проблемов.

Неколку факти:
1. Секс помеѓу две лица од ист пол не е природен (но е можен)
2. Никој не забранува две лица од ист пол да живеат заедно - како семејство
3. Поради законите на природата, две лица од ист пол не е можно да имаат дете

Од ова, јас извлекувам некои заклучоци. Се работи за лица поразлични од оптшо прифатените норми за дефиницијата на нормална личност. Но, факт е дека општо прифатените норми, не мора да бидат и правилни (некогаш општо прифатена норма биле и: робовладетелство, земјата е рамна плоча, принесување жртви на разноразни богови итн.)
Кога веќе имаат најлегално право да живеат заедно, што има разлика дали ќе им се даде документ дека се во брак? Мислам, WTF? Лично, не ми е јасно WTF е поентата на тој документ и кај strait браковите? Еве, јас лично сум женет и имам документ, но сметам дека тоа е тотална глупост, која е симбол на интелектуалната недораснатост на човештвото. Има луѓе кои цел живот го поминуваат заедно, а не се во брак. Исто така, има луѓе кои склучуваат и над 10 бракови (и разводи). Едноставно, бракот е измислена променлива која всушност е одвишна со самото свое постоење. Ако тоа им менува нешто на хомосексуалците, па нека им се дозволи. Зошто тоа би било проблем, не можам (и не сакам) да разберам.

Да им се дозволи посвојување деца?
Не. Со ова не се сложувам, ама тоа не е поради некои мои комплекси или патријархално воспитување. Одговорот го извлекувам од законот на природата - едноставно, не е природно. Всушност, ако можат да имаат дете по природен пат - никој нема да им го одземе, нели? Но, бидејќи тоа не е можно (барем нема познат случај), значи дека не се совпаѓа со законот за природата. Така, овој одговор едноставно се сведува на „Не“, со отворена можност, ако во иднина еволуираат, па можат и сами да си раѓаат деца, тогаш пеки, нека им се дозволи и посвојување. Уште еднаш повторувам - ништо лично, тоа е само законот на природата. А тој закон никој не го напишал. Тој едноставно постои и е непроменлив. Токму затоа си го сакам овој Универзум. Има закон и ред кој никој не може да го смени, освен самиот тој - Универзумот - Природата. Ако природата ги предодредила да бидат хомосексуалци, значи ги предодредила и да немаат деца (барем до овој степен на еволуција). Ако никој не е виновен што тие се хомосексуалци, никој не е виновен ниту што природно не можат да имаат деца. Но автоматски, не е природно ниту да посвојат деца.

Хомосексуалните бракови ќе го уништат семејството?
Ова е најглупавата мисла што сум ја чул во последно време. Ова е обид од петни жили да се негираат хомосексуалците по секоја цена. Па ако има толку многу хомосексуалци што би се загрозило постоењето на една нација или човештвото воопшто, тогаш, автоматски според законот на природата, таа нација (или човештвото воопшто) не треба ни да постои. Така што, тука нема апсолутно ништо спорно драги деца.

За крај, да разјасниме уште една работа. Ретко кој има проблем со лезбејки. Обично кога се зборува за хомосексуалци, сите мислат на машки хомосексуалци. Факт е дека речиси да не постои маж (а ни жена) кој(а) има проблем со жени хомосексуалци. А во врска со машките хомосексуалци, ќе цитирам еден мој добар пријател: „Немам јас проблем со нив. Колку повеќе ги има, толку повеќе жени ми остануваат мене. :)“ -  се разбира, кажано на шега, но тешка вистина лежи зад мислата. ;)

Јас толку имав да си олеснам од мислите кои ми се мотаат, а некако ми се одвишни, ми одземаат драгоцени ресурси. I don't know & I don't really care што всушност имаат другите да кажат. Мислам дека ова што претходно го напишав, сосем јасно и логично ја образложува целата ситуација. Сето натаму кажано е само замарање на народот, пардон - паметно смислено одвлекување на мислите од вистинските проблеми кои ги имаме како народ. Се разбира, смислено од луѓе кои се дебело платени од политичарите за тоа. ;)

Take a risk! Use your brain! THINK!!!