Хомосексуалците сакале да им се легализира бракот. Сите викаат „уууаааа“... Па добро, можеби не сите, ама речиси сите... Ај малку да го анализириме :) проблемов.
Неколку факти:
1. Секс помеѓу две лица од ист пол не е природен (но е можен)
2. Никој не забранува две лица од ист пол да живеат заедно - како семејство
3. Поради законите на природата, две лица од ист пол не е можно да имаат дете
Од ова, јас извлекувам некои заклучоци. Се работи за лица поразлични од оптшо прифатените норми за дефиницијата на нормална личност. Но, факт е дека општо прифатените норми, не мора да бидат и правилни (некогаш општо прифатена норма биле и: робовладетелство, земјата е рамна плоча, принесување жртви на разноразни богови итн.)
Кога веќе имаат најлегално право да живеат заедно, што има разлика дали ќе им се даде документ дека се во брак? Мислам, WTF? Лично, не ми е јасно WTF е поентата на тој документ и кај strait браковите? Еве, јас лично сум женет и имам документ, но сметам дека тоа е тотална глупост, која е симбол на интелектуалната недораснатост на човештвото. Има луѓе кои цел живот го поминуваат заедно, а не се во брак. Исто така, има луѓе кои склучуваат и над 10 бракови (и разводи). Едноставно, бракот е измислена променлива која всушност е одвишна со самото свое постоење. Ако тоа им менува нешто на хомосексуалците, па нека им се дозволи. Зошто тоа би било проблем, не можам (и не сакам) да разберам.
Да им се дозволи посвојување деца?
Не. Со ова не се сложувам, ама тоа не е поради некои мои комплекси или патријархално воспитување. Одговорот го извлекувам од законот на природата - едноставно, не е природно. Всушност, ако можат да имаат дете по природен пат - никој нема да им го одземе, нели? Но, бидејќи тоа не е можно (барем нема познат случај), значи дека не се совпаѓа со законот за природата. Така, овој одговор едноставно се сведува на „Не“, со отворена можност, ако во иднина еволуираат, па можат и сами да си раѓаат деца, тогаш пеки, нека им се дозволи и посвојување. Уште еднаш повторувам - ништо лично, тоа е само законот на природата. А тој закон никој не го напишал. Тој едноставно постои и е непроменлив. Токму затоа си го сакам овој Универзум. Има закон и ред кој никој не може да го смени, освен самиот тој - Универзумот - Природата. Ако природата ги предодредила да бидат хомосексуалци, значи ги предодредила и да немаат деца (барем до овој степен на еволуција). Ако никој не е виновен што тие се хомосексуалци, никој не е виновен ниту што природно не можат да имаат деца. Но автоматски, не е природно ниту да посвојат деца.
Хомосексуалните бракови ќе го уништат семејството?
Ова е најглупавата мисла што сум ја чул во последно време. Ова е обид од петни жили да се негираат хомосексуалците по секоја цена. Па ако има толку многу хомосексуалци што би се загрозило постоењето на една нација или човештвото воопшто, тогаш, автоматски според законот на природата, таа нација (или човештвото воопшто) не треба ни да постои. Така што, тука нема апсолутно ништо спорно драги деца.
За крај, да разјасниме уште една работа. Ретко кој има проблем со лезбејки. Обично кога се зборува за хомосексуалци, сите мислат на машки хомосексуалци. Факт е дека речиси да не постои маж (а ни жена) кој(а) има проблем со жени хомосексуалци. А во врска со машките хомосексуалци, ќе цитирам еден мој добар пријател: „Немам јас проблем со нив. Колку повеќе ги има, толку повеќе жени ми остануваат мене. :)“ - се разбира, кажано на шега, но тешка вистина лежи зад мислата. ;)
Јас толку имав да си олеснам од мислите кои ми се мотаат, а некако ми се одвишни, ми одземаат драгоцени ресурси. I don't know & I don't really care што всушност имаат другите да кажат. Мислам дека ова што претходно го напишав, сосем јасно и логично ја образложува целата ситуација. Сето натаму кажано е само замарање на народот, пардон - паметно смислено одвлекување на мислите од вистинските проблеми кои ги имаме како народ. Се разбира, смислено од луѓе кои се дебело платени од политичарите за тоа. ;)
Take a risk! Use your brain! THINK!!!
Take a risk! Use your brain! THINK!!!
А бе Сашо ко че размислам ти имаш вијуги и си го користиш мозоко успешно. А и те знам лично!
ОдговориИзбришиШала настрана. Логично размислуваш. Инаку во моментов немам ама баш никаква идеја како ќе го продолжам текстов ама сигурно ќе ми дојди некоја идеја. Само сакав да кажам дека добро размислуваш.
Хомосексуалците не се мнозинство, целина, кои би го загрозиле едно „нормално“ општество. Велиме „ и да се намножат“ (не знам колку). Не можат да се намножат пошто: 1. Зависат од посторње спротивен пол, 2. Кога спаѓаат во „не-секојдневна, не-обична“ целина, нема никогаш да бидат побројни! Луѓе не плашете се од нив, нека имаат колку сакаат бракови! Ама некако, деца да присвојуваат, не ми се бендисува, а и тоа да го прават, мислам законски, пак нема да бидат побројни! Освен што, тие деца кога ќе се осамостојат, како ли ќе бидат воспитани не можам да замислам. Првенствено, сексуалното воспитување. А, можат да развијат сприртуално воспитување. Ако не му обратат многу внимание на сексуалното.
Zvonko
Искуството во Светот покажало дека и во оние држави во кои е дозволено хомосексуалните семејства да посвојуваат деца, нивните деца најчесто не се хомосексуалци. Но дефинитивно нивното сексуално воспитување е по-созреано. Да се разбериме, нормален хомосексуалец, нема да го учи своето дете да биде исто така хомосексуалец, туку би му дал слобода на избор. Ова е многу по-созреан начин од оној кај просечниот балканец и е едноставно незамислив за нашиот народ. Што се однесува до спиритуалното воспитување, незнам дали кога сме дискутирале сум ти спомнал, но јас сеуште стојам на мислењето дека тоа е многу индивидуална работа. Ако си го гледал некогаш „Гуру“ со Мајк Маерс, типот низ заебанција кажува многу реални работи, како на пример „intimacy“ го толкува како „in to me I see“ - што мислам дека одлично го опишува значењето на зборот (а можеби и вистинскиот корен на истиот).
ОдговориИзбриши