underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

05 ноември 2012

Данок за ергени и моми?

Не можам да поверувам дека кажуваме дека Македонија е демократска земја. Демократијата, ако добро се сеќавам, беше право на избор (јеби га, најчесто право на избор како во филмот „Диктатор“, или Vote or Die на South Park s08e08 само малку пофино спакувано). Е па, очиглено, не сите размислуваат демократски во државава. Просто не можам да смислам ваква идеја и мислам дека во било која културна држава со висок степен на демократија, таквиот предлог би се гледал како навреда на демократијата од највисок степен!
Каде е демократијата? Ако некој не сака да се жени или мажи, да треба да плаќа данок во висина на месечна плата? Тоа не е луда идеја - тоа може да биде идеја само на луд човек, диктатор, фашист! Едноставно идејата е комплетно фашистичка!

Еве извадок од статијата на „Вечер“:

...предлага и казнени мерки преку т.н. проект "Ергенски данок".

- Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години, социјална заштита, минимална здравствена заштита, се со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата - годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години...

Ајде да анализираме:

1. Секој граѓанин од 30 год. нагоре, најмалку пола од основното образование го завршил во СФРЈ. Дали сега тој граѓанин е должник на СФРЈ? Освен тоа, па какво никакво образование имаме... Побргу би требало државата да им плаќа на граѓаните пенали за несоодветно образование, со несоодветни учебници и несоодветен материјал за возраста, притоа во количини и по капацитет несоодветен на возраста на децата, во најголем дел случаи предаван од полу-писмени и високо искомплексирани наставници. Мојот впечаток од мои лични и искуства на ученици од мојата генерација (и тука мислам на основното образование, да не си слушнам после муабет дека анонимно сум коментирал за професори од средно или од факултет - не мислам на нив).

2. Социјална заштита? Пфффхахахаааааааа!!! WTF?! Дали сте вие нормални бре? Која социјална заштита бре? Онаа за која има 300 процедури да се добие и на крајот се добива околу 25 евра месечно кои не стигаат ниту за леб? Како не им било срам ова да го спомнат воопшто?

3. Минимална здравствена заштита - за која се плаќа во целост, а те лечат доктори кои учеле во „старата школа“ или помлади, кои учеле во новата (полагајќи испити со 100 евра во индекс). Општо познат факт е дека добрите доктори се бројат на прсти на една рака во секој град во државава (ОК, во Скопје има повеќе, не можат да се избројат на рака, ама сепак, не е проблем се бројат, за разлика од овие другиве кои не се добројуваат).
4. Со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата - здрава личност која треба да врзи месец со месечна плата од 100-200 евра НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ - FACE IT DAMMIT!!! А па уште да придонесува за државата? Како? Не може да придонесе за дома на детето храна да му однеси бре, неписмени едни! Уште за државата ли треба да се секира?! Get the fuck!

5. Во висина на месечна плата? Која месечна плата? Негова/нејзина? Прво, помирете се со фактот дека голем дел од неженетите/немажените, не се во брак поради лошата финансиска состојба. Немаат ни за себе и не сакаат да земат некого на душа и да го повлечат во истите гомна со себе. Најголем дел се невработени, а останатиот дел се најчесто вработени (често на црно) и земаат под минимална или некоја минимална плата. Останатите под 1% кои немаат финансиски проблем - имаат ебено демократско право да одлучат дали сакаат да стапат во брак или не? Ви сечи ли дека добар дел не се женат/мажат поради тоа што се чувствуваат или знаат дека не се спремни за таков чекор од ред причини или едноставно знаат дека не треба да стапат во брак (специфични се, екстремни и едноставно не сакаат да бидат нечиј товар). Или едноставно не сакаат да стапат во брак.

Така, доаѓаме до моментот каде - во тој контекст bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit bullshit BULLSHIT!!!

Арно викаше Цацко „Со аџамии не се праве држава“.

Ваков закон би предизвикал:
1. Зголемено семејно насилство
2. Фиктивни бракови
3. Зголемен број на разводи
4. Зголемен број на убиства
5. Зголемен број на самоубиства
6. Силно зајакнување на криминалот
7. Психички нестабилни и неправилно психички развиени деца
8. Уште посилно лобирање за истополни бракови (што очигледно никој не сака да се случи, но ќе мора)
9. Сигурен и неизбежен распад на самата држава на подолг рок (земајќи ги предвид претходните факти)

Не сакам да размислувам, но можам да набројам барем уште 10 тврдења и за сите детално да образложам - зошто секое тврдење е всушност ФАКТ.
Но, дефинитивно нема да влијае позитивно, ниту квалитетно на наталитетот.


Свртете се околу вас. Бракот како институција ќе го снема, ако не во следните 100, тогаш во следните 200 години - и тоа е факт. И ако малку ја подигнете свеста на своето размислување, лесно ќе видите дека и тоа е факт и дека тоа е дури и исправно.

Не ми е јасно, зошто се инсистира на заглавување на развојот и интелектот? Зошто се лажира демократија? Зошто се инсистира на запирање на еволуцијата? Зошто некоја будала таму сака да изиграва Инквизиција во 21-ви век? Зошто упорно се игра со народот?

Единствено логично образложение - за власт и за пари! Раздели па владеј. Удри, турни го на колена, да нема да јаде и да нема ни време ни желба ни можност ни знаење за да сфати како го „работиш“. Ете затоа!

Take a risk! Use your brain! THINK!!!

1 коментар:

  1. Зашто толку им сечи. Овој предлог кажува МНОГУ и СЕ’ за нивниот ментален склоп. Само кој да види.

    ОдговориИзбриши