underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

16 октомври 2012

АНАЛиза на хомосексуалните бракови

Хомосексуалците сакале да им се легализира бракот. Сите викаат „уууаааа“... Па добро, можеби не сите, ама речиси сите... Ај малку да го анализириме :) проблемов.

Неколку факти:
1. Секс помеѓу две лица од ист пол не е природен (но е можен)
2. Никој не забранува две лица од ист пол да живеат заедно - како семејство
3. Поради законите на природата, две лица од ист пол не е можно да имаат дете

Од ова, јас извлекувам некои заклучоци. Се работи за лица поразлични од оптшо прифатените норми за дефиницијата на нормална личност. Но, факт е дека општо прифатените норми, не мора да бидат и правилни (некогаш општо прифатена норма биле и: робовладетелство, земјата е рамна плоча, принесување жртви на разноразни богови итн.)
Кога веќе имаат најлегално право да живеат заедно, што има разлика дали ќе им се даде документ дека се во брак? Мислам, WTF? Лично, не ми е јасно WTF е поентата на тој документ и кај strait браковите? Еве, јас лично сум женет и имам документ, но сметам дека тоа е тотална глупост, која е симбол на интелектуалната недораснатост на човештвото. Има луѓе кои цел живот го поминуваат заедно, а не се во брак. Исто така, има луѓе кои склучуваат и над 10 бракови (и разводи). Едноставно, бракот е измислена променлива која всушност е одвишна со самото свое постоење. Ако тоа им менува нешто на хомосексуалците, па нека им се дозволи. Зошто тоа би било проблем, не можам (и не сакам) да разберам.

Да им се дозволи посвојување деца?
Не. Со ова не се сложувам, ама тоа не е поради некои мои комплекси или патријархално воспитување. Одговорот го извлекувам од законот на природата - едноставно, не е природно. Всушност, ако можат да имаат дете по природен пат - никој нема да им го одземе, нели? Но, бидејќи тоа не е можно (барем нема познат случај), значи дека не се совпаѓа со законот за природата. Така, овој одговор едноставно се сведува на „Не“, со отворена можност, ако во иднина еволуираат, па можат и сами да си раѓаат деца, тогаш пеки, нека им се дозволи и посвојување. Уште еднаш повторувам - ништо лично, тоа е само законот на природата. А тој закон никој не го напишал. Тој едноставно постои и е непроменлив. Токму затоа си го сакам овој Универзум. Има закон и ред кој никој не може да го смени, освен самиот тој - Универзумот - Природата. Ако природата ги предодредила да бидат хомосексуалци, значи ги предодредила и да немаат деца (барем до овој степен на еволуција). Ако никој не е виновен што тие се хомосексуалци, никој не е виновен ниту што природно не можат да имаат деца. Но автоматски, не е природно ниту да посвојат деца.

Хомосексуалните бракови ќе го уништат семејството?
Ова е најглупавата мисла што сум ја чул во последно време. Ова е обид од петни жили да се негираат хомосексуалците по секоја цена. Па ако има толку многу хомосексуалци што би се загрозило постоењето на една нација или човештвото воопшто, тогаш, автоматски според законот на природата, таа нација (или човештвото воопшто) не треба ни да постои. Така што, тука нема апсолутно ништо спорно драги деца.

За крај, да разјасниме уште една работа. Ретко кој има проблем со лезбејки. Обично кога се зборува за хомосексуалци, сите мислат на машки хомосексуалци. Факт е дека речиси да не постои маж (а ни жена) кој(а) има проблем со жени хомосексуалци. А во врска со машките хомосексуалци, ќе цитирам еден мој добар пријател: „Немам јас проблем со нив. Колку повеќе ги има, толку повеќе жени ми остануваат мене. :)“ -  се разбира, кажано на шега, но тешка вистина лежи зад мислата. ;)

Јас толку имав да си олеснам од мислите кои ми се мотаат, а некако ми се одвишни, ми одземаат драгоцени ресурси. I don't know & I don't really care што всушност имаат другите да кажат. Мислам дека ова што претходно го напишав, сосем јасно и логично ја образложува целата ситуација. Сето натаму кажано е само замарање на народот, пардон - паметно смислено одвлекување на мислите од вистинските проблеми кои ги имаме како народ. Се разбира, смислено од луѓе кои се дебело платени од политичарите за тоа. ;)

Take a risk! Use your brain! THINK!!!

17 септември 2012

Де-инсталација на Rising Free AV (чекор по чекор)

Доколку користите Rising Free Antivirus, веројатно приметивте дека заклучно со 3-ти Септември истиот престана да се надградува. Од Rising тврдат дека ова е локален проблем (веројатно се мисли на локален Европски проблем), бидејќи во Азија и Австралија надградбите тековно се извршуваат без проблеми.
Како и да е, ние овде имаме проблем, односно мора да мигрираме на друго АВ решение. Кој анти-вирус ќе го користите останува на вас, а може да го препорачам Avast (клик на линков за објаснување чекор по чекор како да го инсталирате).
Во продолжение на оваа објава, следи чекор по чекор објаснувае како правилно да го отстраните Rising Free AV.


Чекор 1 (пуштање на програмот за деинсталација)

Изберете Start -> All Programs -> Rising Antivirus -> Uninstall


Преминете на чекор 2 ако ја имате оваа можност. Во случај да немате ваква опција, продолжете да го читате „Чекор 1“.

Изберете Start -> Control Panel


Во Control Panel изберете „Add or Remove Programs“


Ќе се отвори изборник за де-инсталација на програми. Пронајдете гоRising Antivirus, кликнете врз него, а потоа кликнете на копчето Change/Remove кое ќе се појави од десната страна.



Чекор 2 (процес на де-инсталација)

Пред вас би требало да е програмот за де-инсталација на Rising Antivirus.


Изберете Uninstall (ако веќе не е автоматски избрано) и кликнете на копчето Next.
Доколку сакате да ја зачувате конфигурацијата на RISING за во случај на инсталацијаво иднина, одбележете ја опцијата „Keep user settings file“. Најчесто, не е воопшто важно дали ќе ја одбележите оваа опција или не. Изберете „Next“


Пред вас се појавува нов прозорец, во кој треба да потврдите дека сте човек (ова е заштита, за да не може вирус или друг малициозен софтвер да изврши автоматска деинсталација на програмот.





Внесете го CAPTCHA кодот, и кликнете „Next“. По ова, ќе се изврши де-инсталација на Rising Antivirus.  Windows би требало да го активира механизмот за само-заштита и да ве извести со црвен штит покрај часовникот и инфромација дека немате инсталиран анти-вирус софтвер (можно е ова да не се случи, зависно од конфигурацијата на вашиот систем).

Најпосле, се појавува информација дека Rising Antivirus е отстранет од вашиот систем и понудена е можност да се рестартира компјутерот. Пожелно е, но не е обврзно да рестартирате (рестартирањето служи само за да се до-избришат одредени датотеки. Ако не рестартирате, истите ќе бидат избришани при следното рестартирање)


Со ова, де-инсталацијата на Rising Antivirus е завршена. Пожелно е веднаш да инсталирате нов анти-вирус софтвер, како на пример Avast, кој исто така е бесплатен.

Инсталација на Avast Free AntiVirus (чекор по чекор)

Во оваа објава е објаснето чекор по чекор, како да го превземете бесплатниот анти-вирус пакет Avast и како да го инсталирате истиот.
Процедурата се однесува на чиста инсталација, што значи дека се инсталира на компјутер на кој што тековно не постои друга анти-вирусна програма. Доколку имате друга анти-вируана програма, ќе ви биде понудена опција да ја деинсталирате или да го инсталирате Avast во компатибилен режим, при што Avast ќе работи како помошен АВ софтвер, покрај основниот кој веќе го имате. Ова не е баш добра идеја, бидејќи на тој начин видно ќе се намалат перформансите на вашиот компјутер. Пожелно е доколку имате друг АВ програм, да го де-инсталирате пред да започнете со инсталација на Avast.
Она што треба да се кликне, е одбележано (заокружено) со светло-зелен квадрат.
Доколку сакате подобро да видите некоја од сликите, кликнете врз истата за да се отвори во природна големина.

Чекор 1 (превземање)
Отворете Интернет пребарувач (Google Chrome, Mozilla Firefox или сл.) и насочете го на web страната на Avast: http://avast.com или едноставно, кликнете на линкот.

Кликнете врз копчето „DOWNLOAD“
 

Ќе се отвори прашалник за верзија


Изберете ја бесплатната верзија. Потоа ќе се отвори уште еден прашалник кој ќе Ви понуди пробна верзија на платена верзија на Avast.


Изберете „No thanks, I want free protection“. По ова започнува превземањето на бесплатната верзија на Avast.


Чекор 2 (пуштање на инсталацијата)

Откако ќе се превземе инсталационата програма за Avast, отворете ја (стартувајте ја) датотеката.


Windows ќе Ве запраша дали сте сигурни дека сакате да отворите извршна датотека која е превземена од Интернет. Потврдете го вашето барање со клик на копчето „Run“.




Чекор 3 (инсталирање на Avast Free AV)

Ќе се отвори прозорецот за инсталација на Avast.


Изберете ја опцијата „Express install“, по што инсталацијата ќе се изврши целосно автоматски. Откако истата ќе заврши, се појавува прозорец со следниот изглед


Кликнете на копчето „Finish“.


Чекор 4 (регистрација)

Иако Avast Free AntiVirus е бесплатен софтвер, производителот бара регистрација заради сопствена евиденција и маркетинг. Регистрацијата е многу брза, едноставна и бесплатна.
Веднаш откако ќе ја завршите инсталацијата, автоматски се отвора прозорецот за регистрација.


Овој прозорец повторно Ви нуди можност да го надградите софтверот на Internet Security пакет. Изберете „Register“, по што ќе се отвори формата за регистрација.


Внесете ги вашите податоци во соодветните полиња за Име, Презиме, e-mail адреса и држава. Одговорете на прашањето подолу (ако не знаете, само изберете „No“). На крајот, кликнете на „Register for free license“.
Се појавува прозорец кој ја потврдува успешната регистрација и ви нуди бесплатен 20 дневен пробен период на Internet Security. Изберете „Stay with basic protection“.


По ова, целата процедура е завршена. Avast сам превзема надградби и автоматски го штити вашиот компјутер од вируси и malware.

*Забелешка: Регистрацијата на Avast е валидна во тек на 1 година. По овој период потребно е да ја обновите истата. Процедурата за обнова е исто така едноставна како и при регистрација.