Во оваа објава е објаснето чекор по чекор, како да го превземете бесплатниот анти-вирус пакет Avast и како да го инсталирате истиот.
Процедурата се однесува на чиста инсталација, што значи дека се инсталира на компјутер на кој што тековно не постои друга анти-вирусна програма. Доколку имате друга анти-вируана програма, ќе ви биде понудена опција да ја деинсталирате или да го инсталирате Avast во компатибилен режим, при што Avast ќе работи како помошен АВ софтвер, покрај основниот кој веќе го имате. Ова не е баш добра идеја, бидејќи на тој начин видно ќе се намалат перформансите на вашиот компјутер. Пожелно е доколку имате друг АВ програм, да го де-инсталирате пред да започнете со инсталација на Avast.
Она што треба да се кликне, е одбележано (заокружено) со светло-зелен квадрат.
Доколку сакате подобро да видите некоја од сликите, кликнете врз истата за да се отвори во природна големина.
Чекор 1 (превземање)
Отворете Интернет пребарувач (Google Chrome, Mozilla Firefox или сл.) и насочете го на web страната на Avast: http://avast.com или едноставно, кликнете на линкот.
Кликнете врз копчето „DOWNLOAD“
Ќе се отвори прашалник за верзија
Изберете ја бесплатната верзија. Потоа ќе се отвори уште еден прашалник кој ќе Ви понуди пробна верзија на платена верзија на Avast.
Изберете „No thanks, I want free protection“. По ова започнува превземањето на бесплатната верзија на Avast.
Чекор 2 (пуштање на инсталацијата)
Откако ќе се превземе инсталационата програма за Avast, отворете ја (стартувајте ја) датотеката.
Windows ќе Ве запраша дали сте сигурни дека сакате да отворите извршна датотека која е превземена од Интернет. Потврдете го вашето барање со клик на копчето „Run“.
Чекор 3 (инсталирање на Avast Free AV)
Ќе се отвори прозорецот за инсталација на Avast.
Изберете ја опцијата „Express install“, по што инсталацијата ќе се изврши целосно автоматски. Откако истата ќе заврши, се појавува прозорец со следниот изглед
Кликнете на копчето „Finish“.
Чекор 4 (регистрација)
Иако Avast Free AntiVirus е бесплатен софтвер, производителот бара регистрација заради сопствена евиденција и маркетинг. Регистрацијата е многу брза, едноставна и бесплатна.
Веднаш откако ќе ја завршите инсталацијата, автоматски се отвора прозорецот за регистрација.
Овој прозорец повторно Ви нуди можност да го надградите софтверот на Internet Security пакет. Изберете „Register“, по што ќе се отвори формата за регистрација.
Внесете ги вашите податоци во соодветните полиња за Име, Презиме, e-mail адреса и држава. Одговорете на прашањето подолу (ако не знаете, само изберете „No“). На крајот, кликнете на „Register for free license“.
Се појавува прозорец кој ја потврдува успешната регистрација и ви нуди бесплатен 20 дневен пробен период на Internet Security. Изберете „Stay with basic protection“.
По ова, целата процедура е завршена. Avast сам превзема надградби и автоматски го штити вашиот компјутер од вируси и malware.
*Забелешка: Регистрацијата на Avast е валидна во тек на 1 година. По овој период потребно е да ја обновите истата. Процедурата за обнова е исто така едноставна како и при регистрација.
If you are concerned about the security of your personal information, you should use strong secure Norton technical support.
ОдговориИзбриши