underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

05 септември 2012

Теории на заговор, вонземјани и глупи ТВ серијали

Ајде малку да учиме теории на заговор.

Сите сме чуле за масонски ложи, некои од нас чуле и за вонземјани кои го контролираат Светот. А оние кои посериозно се заинтересирале, сигурно дошле до информација дека всушност вонземјаните се тесно поврзани со масоните, односно дека масоните се под контрола на вонземјаните.
Вчера еден пријател ми прикажа (во брзање, јас се брзав, но ме интересираше, па измислив некоја минута) видео, во кое имаше сведочење во кое се тврдеше дека не се работи за една, туку за повеќе раси вонземјани. Ова ми беше јасно, но сведочењето отвори нови димензии. Знаете и тие имаат „teach me master“ едни кон други, како што ние би имале или веќе имаме. Значи, има и кај нив повеќе и помалку развиени. Целиот муабет има огромна логика и беше доста издржан. Да, во кратки црти, целосно се вклопува во приказната и ја потврдува идејата дека масоните се под контрола на вонземјани.

Од овие (вонземјаниве), како во секој добар филм, имаш добри и лоши. Поентата е дека добрите и лошите биле во војна која им се смачила (ако добро памтам, биле околу 600 000 год. во војна, кому не би му се смачило), па се договориле дека нема да војуваат - ама никој да не смее да се меша во развојот на други цивилизации. Сега нормално, се запрашувате „Што па ова со цивилизациите?“. Имено, една од главните (ако не и главната) причини за војувањето им била таа. Едните (лошите) си ги развивале цивилизациите во нивни интерес, да им бидат слуги и нормално, си ги ориентираат по потреба да војуваат на нивна страна. Другите (добрите), интервенираат во развојот, но во друга насока, која нормално, воопшто не им одговара на првите (ги развива во независни цивилизации). Тука зборуваме за нивоа на развој на свеста. Ги имало 11, ние сме биле на 3-то ниво и тоа многу одамна, без никаков напредок. За споредба, во игра биле преку 20-ина планети, сите (освен нас) со ниво на свестност од 4 нагоре ;) и покрај што некои од нив почнале од 0 после нас.

Кај нас, лошите успеваат сосем добро да не држат на 3-то ниво, зошто 4-тото ниво вклучува телепатија, телекинеза и глобална/заедничка свест, што оневозможува лаги и ја исфрла потребата од ТВ, Интернет, телефонија итн. Со тоа, се разбира, можноста да бидеме под контрола е многу намалена. Затоа, овие (лошите) повремено интервенираат, односно ни даваат по малку технологија, чисто за да се одржиме на ова (пониско) ниво. Тоа пак, од друга страна, го прекршува договорот за не-мешање во развојот, па добрите интервенираат на свои начини, како на пример преку духовни водачи (НЕ! НЕ СЕ МИСЛИ НА РЕЛИГИИ! Религиите се измислени од лошите. Овде се мисли на духовни водачи во побуквална смисла како Ramtha, или во смисла на научници, како на пример Nassim Haramein итн. да не забегам од темата, но за нив во друга прилика).
 


Звучи како војна на ѕвездите? Или како „Stargate“... Star Trek?   Можеби не во целост, но... :)

Освен што на ТВ гледаме лажни вести, гледаме и лажни „реални“ шоу програми, гледаме дури и лажни документарни филмови. Сите овие лаги ни се сервираат и на Интернет, но Интернетот некако почна да им излегува од контрола. Зарем ова не ги објаснува ACTA, SOPA и слични глупи закони кои се скриени зад завесата на copyright и авторски права? Лесно се контролираат телевизиите, ти треба само некој на повисока позиција во секоја од нив. Но на Интернет - „Try, and stop me“ ќе ти рече секој блогер за почеток. А некако многу сме :) Сваќате сега зошто во некои држави се роди идејата „данок на блог“?


А дали сега ви е јасно што претставуваат шпанските, индиските, турските серии? Тоа ти е „временска јамка“ која го затвора мозокот во циклус, при што те оневозможува рационално да го користиш истиот, на тој начин што му ги одзема сите ресурси со непотребни „обработки на податоци“. Исто како да поставиш наредба во некоја програма   while (pi==pi) do {}  ;)

Нема коментари:

Објави коментар