После втората Светска војна, на нашиве простори била модерна миграцијата село-град. Сега (нели, актуелен е почетокот на школската година) се повеќе се зборува дека нема деца во училиштата. Во некои села буквално нема деца. И сега, ова навистина им е чудно, па го кажуваат на вести, или само се прават на будали?
Државава до толку им обезбеди услови на селата, што чудно е што воопшто сеуште некои од нив имаат по 3-4 жители. Исрено, не дека на градовите им обезбеди повеќе. Имаме „прекрасни“ услови за работодавците, кои се приморани (добро, најчесто не се приморани, ама им се може) да даваат мизерни плати. Со тоа, работникот е „силно мотивиран“ да работи за платата која не стига ни за да си ги плати сметките, а не пак да живее. И така пополека, равенката се сведува на еден друг заклучок исто така дофатен од вести (а бе, не гледам вести, сериозно, ама кога други гледаат, дослушнувам по нешто, сакал-неќел): „Македонија старее“. Па добро де, нормално дека старее, не ќе се подмладува сега. Демек, сме имале се повеќе постари лица (сениор ситизентс), но се` помалку деца.
ГЕТ РИАЛ - За да имаш деца, треба да ги прехраниш, школуваш, облечеш итн. НО, услови за такво нешто во оваа држава нема. По која логика сакате, драги господа, Македонија да не ви старее? Секој нормален млад човек бара само најмала прилика и испарува од државава. До пред некое време оваа постапка силно ја критикував. Од пред некое време, совршено „си легнав на брашното“ и ја поддржувам. Еве ја равенката, која и сами ќе ја решите:
Кога би имал прилика да заминам и да работам на запад:
1. Можам да останам овде, со надежта дека ќе биде подобро или (условно); или
2. Можам да заминам со првиот автобус/авион и да заработувам нормална плата, да имам нормален живот и нормално да го прехранам, облечам и школувам детето.
Што мислите, која опција ќе ја одберам? Која опција би ја одбрале Вие?
Бонус прашања, што мислите:
1. Зошто има се` помалку деца во училиштата?
2. Зошто Македонија старее?
3. Уште колку долго ќе има на кого да му бидат политичари овие нашиве? ;)
Нема коментари:
Објави коментар