underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

04 септември 2012

Миграција Село-Град - Град-Запад

После втората Светска војна, на нашиве простори била модерна миграцијата село-град. Сега (нели, актуелен е почетокот на школската година) се повеќе се зборува дека нема деца во училиштата. Во некои села буквално нема деца. И сега, ова навистина им е чудно, па го кажуваат на вести, или само се прават на будали?


Државава до толку им обезбеди услови на селата, што чудно е што воопшто сеуште некои од нив имаат по 3-4 жители. Исрено, не дека на градовите им обезбеди повеќе. Имаме „прекрасни“ услови за работодавците, кои се приморани (добро, најчесто не се приморани, ама им се може) да даваат мизерни плати. Со тоа, работникот е „силно мотивиран“ да работи за платата која не стига ни за да си ги плати сметките, а не пак да живее. И така пополека, равенката се сведува на еден друг заклучок исто така дофатен од вести (а бе, не гледам вести, сериозно, ама кога други гледаат, дослушнувам по нешто, сакал-неќел): „Македонија старее“. Па добро де, нормално дека старее, не ќе се подмладува сега. Демек, сме имале се повеќе постари лица (сениор ситизентс), но се` помалку деца.


ГЕТ РИАЛ -  За да имаш деца, треба да ги прехраниш, школуваш, облечеш итн. НО, услови за такво нешто во оваа држава нема. По која логика сакате, драги господа, Македонија да не ви старее? Секој нормален млад човек бара само најмала прилика и испарува од државава. До пред некое време оваа постапка силно ја критикував. Од пред некое време, совршено „си легнав на брашното“ и ја поддржувам. Еве ја равенката, која и сами ќе ја решите:

Кога би имал прилика да заминам и да работам на запад:
1. Можам да останам овде, со надежта дека ќе биде подобро или (условно); или
2. Можам да заминам со првиот автобус/авион и да заработувам нормална плата, да имам нормален живот и нормално да го прехранам, облечам и школувам детето.

Што мислите, која опција ќе ја одберам? Која опција би ја одбрале Вие?


Бонус прашања, што мислите:
1. Зошто има се` помалку деца во училиштата?
2. Зошто Македонија старее?
3. Уште колку долго ќе има на кого да му бидат политичари овие нашиве? ;)

03 септември 2012

9 од 10 македонци живеат под стрес, 10-тиот живее...

Чудна работа. Плаќаме поскап киловат час дури и од САД, ама пак ни` е евтино. Земаме преку 10 пати пониска плата, ама нема врска, евтино ни` е бе. Кој што ни` може. Ако не за друго, за инает на грците ќе плаќаме повеќе и од нив. Да видат тие. Знам, сега сите ќе речат „Види го ненормален“, ама јас имам таков впечаток. Се организираат протести, ама дали на народот не му е скапа струјата/парното/воздухот итн. или се работи за пасивност? Важно, активност некако нема.
Мене ми мириса како да е ова последново во прашање. На прв поглед, сите плачат дека се` им е скапо, но кога некој организира протести, најпрвин кликаат Attending преку 500 луѓе (во таа цифра не ги бројам оние кои кликнале Maby), а на протест се појавуваат едвај 300.
Македончето е навикнато на пасивност. Смета дека другите ќе му ја завршат работата. Од друга страна, се плаши да не го изгуби работното место, а со тоа (ха ха хаааа) платата. А која плата бе? Не-цели 200 евра? Па децата на запад имаат повеќе џепарац од она што овде го викаме „плата“. И немој некој да писнал дека друго е таму, зошто вистината е дека таму е навистина друго. Цените се исти (па и пониски) во споредба со нашите, ама плата викаат некој прилив кој има една нула повеќе на крајот од цифрата. Заеби, американци, германци... западњаци бе, се` мора да им биде големо, и колите и мобилните телефони и платите, само плаќањата треба да им се мали. Чудни некои луѓе, како им е интересен животот, кога не мора да се пресметуваат каде да се раздолжат овој месец, а кому да останат должници? Глупости!


Некој, добро се сетил да направи еден демотиватор на темата. И сурово е реален.
Ако Ви се добри цените, седете си дома и гледајте си турски серии (хммм... ете добра тема за некој следен текст). И немој некој да се секира за своите деца (па дури и ако сеуште ги нема), ќе се снајдат тие. Ехеее, има време до тогаш, ќе ги воспитаме и нив да чекаат друг да им ја заврши работата и да смислуваат како да преживеат со плата која не стига ни за сметките да ги покрие. Па ќе научат бе нешто и од нас, секој ден гледајќи ги родителите како пцујат по телевизорот и чекаат сам да се реши проблемот... или да го реши некој друг, сеедно. И да Ве потсетам, турските и индиските серии се поважни од ова што го пишувам. Море и шпанските серии се поважни. Немој случајно некој да читал за време-траење на турска или индиска серија или па да излезе на протест.

А ако случајно Ви се смачи од тоа да не` прават овци - третиот протест за Прилеп е закажан за утре, 04-09-2012 во 19:00 кај споменикот на Аце. Во другите градови би требало да е во исто време, ама... што се секирам јас за тоа? Ако некого сериозно го интересира, ќе се заинтересира и ќе разбери сам.

За крај, една добра-мисла која ја прочитав пред некое време на Facebook:

9 од 10 македонци живеат под стрес,
10-тиот живее во странство
;)

01 септември 2012

Се работи!


Влезот е забранет! Се работи. Не се знае точно кој кого го работи, во главно, секој работи што/кого ќе стигне. Но логиката вели дека политичарите го работат народот - и тоа на големо.