underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

24 јануари 2009

Делење на Интернет конекција

Најчесто кога сакаме да поделиме Интернет конекција, сакаме да ја поделиме меѓу 2 компјутери. Ова го прави инвестирањето во switch малку голема инвестиција. Освен тоа, често конекцијата е ограничена на само 1 (една) MAC адреса, па ова оневозможува користење на истата конекција на повеќе компјутери.


Овде ќе објасниме како најлесно да се раздели Интернет врската со користење на 2 мрежни картички (првата веројатно е интегрирана и активна на вашиот компјутер, а втората, се купува од продавница за околу 300 денари).



(вака изгледа, да не ве излажат :) )


Отакако вградивте втора мрежна, останува правилно поврзување... Бидеќи малку е незгодно да сликам кај мене (на незгодно место е, да не се олцнам во сликањето :) ), позајмив една слика од Интернет...



Во нашиот случај Lan Card 1 останува поврзана со кабелот на кој добиваме Интернет (значи од ADSL модемот или од кабелскиот оператор), додека Lan Card 2 се поврзува со вториот компјутер/лаптопот или Wireless Access Point-от. Овој начин на делење нема смисла ако имате рутер, освен ако сте лимитирани на MAC адресата на компјутерот... Во случај на потреба од промена на MAC адреса на некоја картичка, повелете овде "Промена на MAC адреса".


После ова, само треба на Интернет конекцијата да кликнете со десен клик и од менито да изберите Properties, па на страничката Advanced да ја чекирате (штиклирате) опцијата "Allow other network users to conect through this computer's Internet connection". Потоа од паѓачкото мени "Home networking conecction" изберете ја картичката која треба да го предава Интернетот до другиот компјутер/лаптопот/wireless access point-от... И тоа е тоа...


Треба да знаете:


-Врската меѓу двата компјутери се прави со мрежен кабел, поврзан со cross-over начин. Ако поврзувате Wireless Access Point на втората мрежна картичка, би требало да користите кабел, поврзан со strait начин. (најлесно е кабелот да го купите, но ако инсистирате да го направите сами, а не знаете како, google-ајте и ќе научите што значат спомнатите поими и како се прави кабелот. п.с. можеби во иднина ќе објавам и водич за тоа... можеби...)


-Картичката која ќе го дели интернетот, автоматски ќе ја добие IP адресата 192.168.0.1


-Вториот компјутер, треба да има адреса 192.168.0.x (каде x е било кој број од 2 до 255)


-Gateway адреса на вториот компјутер се мести 192.168.0.1


-Доколку операторот не ви дал адреси на DNS сервери, стандардните DNS сервери на T-Home се 62.162.32.5 / 62.162.32.6 и 62.162.32.9 и можат да се користат независно од операторот преку кој сте поврзани на Интернет.


Забелешка: Се шпекулира дека овој принцип на делење на конекцијата не функционирал на Прилепски Кабелнет. Немам пробано и не знам дали ова е точно, но би ценел ако некој од Вас проба и го каже своето искуство во коментар.


Среќно делење...

22 јануари 2009

Македонија - Грција (a.k.a. Gay-ce) 1:1 (засега)

Последниве денови многу популарно видео на YouTube беше "Fuck Greece (lele kolku tazen sum)..." Или, отприлика, ова:



И не мислев да објавувам ништо во врска со него. Баш си беше ОК, немаше потреба да кревам џева. Арно ама денеска, покажувајќи го на пријатели, приметив дека одеднаш мистериозно го снема... А имаше преку 48 100 прегледи... Малку се помачив и го најдов со "kolku tazen sum", ама сега како објавено 7 месеци, без рејтинг (инаку 5 ѕвездички) и без коментари, каде што грците јадат гомна, а Македонците освен што им го начукуваат сосе јајца, истото им го прават и холанѓани, американци и други не Македонски државјани...


Заклучок: Некое грчко педерче работи во YouTube и се труди да го зачува газето на својата педерска држава... Ама ние сме големи... Се надевам дека додека се сетат, ќе добијат мнооогу поголем број на прегледи...


Е па сега сме можеби 1:1, ама ние сме упорни дечки (и девојки), кликајте и правете прегледи, ширете го линков низ Интернет:


http://www.youtube.com/watch?v=V-DwpDJ3Srs



(ова за copy/paste) http://www.youtube.com/watch?v=V-DwpDJ3Srs (ова за copy/paste)



НАВАЛЕТЕ!!!

16 јануари 2009

Менување на MAC адреса

Можеби сте се запрашале, како да си ја смените MAC адресата? Или не? Веројатно, повеќето кога го читаат ова, се прашуваат себе си, зошто би имале потреба некогаш да ја сменат MAC  адресата? Можеби многумина се прашуваат и „Што е тоа MAC адреса?“... Па, да почнам по ред...

1. Што е MAC адреса? - MAC адреса, е физичка адреса на мрежните картички, која е зададена од производителот и е непроменлива. Нешто слично како IMEI на мобилните уреди. Или барем тоа треба да биде...

2. Зошто би имале потреба да ја смените MAC адресата? - Пред се, поради нефер кабловски оператори, кои го ограничуваат користењето на Интернет-от на само 
еден компјутер. Има и други причини поради кои некој би сакал да ја промени оваа адреса, ама тоа не ни е сега тема на разговор...

Туку да поминам на главното. Како?

Еве како, во кратки црти:

Отворете командна конзола. Ова наједноставно се прави со клик на Старт копчето, па избирате Run... и во полето пишувате "cmd" без наводниците и притискате Ентер. Друг начин е преку Start -> All Programs -> Accessories -> Command Prompt
По ова, ќе Ви се отвори командната конзола, која најчесто ја викаме DOS или DOS Prompt...
Тука, зададете ја наредбата "ipconfig /all" и притиснете Ентер, по што ќе добиете информации за сите мрежни картички во компјутерот, заедно со нивните MAC  адреси. Најдете ја посакуваната мрежна картичка (ако имате повеќе) и запишете ја моменталната адреса, за подоцна да можете да ја вратите.

Kако што се гледа на сликава, стрелката покажува на името на мрежната картичка, додека тековната MAC адреса е заокружена...

2. Одете на My Computer и кликнте со десното копче. Од менито кое ќе се отвори, изберете ја опцијата Manage. Ова ќе отвори прозорче за менаџмент на системот.
Од левата страна има дрвест преглед на опции, каде под System tools треба да одберите Device Manager, па на десната страна најдете
 ја ставката Network adapters и под неа, најдете ја соодветната мрежна картичка. Кликнете два-пати врз неа (или кликнете со десното копче, па одберете Properties)...

По ова, ќе се отвори ново прозорче, со својствата на мрежната картичка.
Тука, изберете ја страничката Advanced. Најпрвин кликнете на својството Network Address, потоа изберете го радио-копчето Value, во полето напишете ја посакуваната адреса (мора да биде составена од 6 HEX сегменти со вредност помеѓу 00 и FF, значи 12 знаци кои можат да бидат бројки од 0 
до 9 и букви од A до F).
Кликнете на Ok и тоа е тоа...


Вратете се на командната конзола и зададете ја повторно командата "ipconfig /all",  за проверка...
Се разбира, сега ја имате новата адреса за оваа картичка.
Ако сакате повторно да ја вратите својата оригиналана адреса, само вратете ја опцијата на Not Present. Ако случајно ова не ја врати вашата оригинална адреса, внесете ја рачно во полето (најпрвин ја запишавме оригиналната, бидеќи се случува понекогаш истата да не може автоматски да се врати).

Барем во Прилеп, сведоци сме на безобразен однос од некои кабелски оператори кои обврзуваат користење на Интернетот само на еден компјутер. Со ова трикче, можете да го поврзите и користите нивниот интернет и на друг компјутер (се разбира, ќе мора на другиот компјутер да креирате конекција со вашето име и лозинка).
Исто така, често пати можат да ви кажат дека вашата MAC адреса е зафатена, или дека мрежната картичка ви е „кодирана“ или „неисправна“... Не трчајте по нова, туку замолете ги да причекаат и безобразно (како што и тие се однесуваат) сменете ја MAC адресата пред нивни очи и замолете ги да се обидат повторно...
Промена на MAC адресата на рутер е исто така возможна, но ова засега го немам пробано и незнам дали тоа би овозможило користење на рутер за делење на Интернетот.

Се надевам дека за брзо ќе се створи хаос со MAC адресите во градов и конечно тоа ќе ги вразуми операторите. Време е да сфатат дека продаваат Интернет и не е нивни проблем дали ние го користиме на 1 или на 100 компјутери.

p.s. Ако ова Ви изгледа тешко, или случајно драјверот  на вашата мрежна картична не вклучува можност за промена на MAC адресата, пробајте со некоја од овие БЕСПЛАТНИ АПЛИКАЦИИ кои едвај Ве чекаат да ги симнете:

Или, едноставно, кликнете овде за автоматски да изгуглата многу повеќе на оваа тема:

Среќно...

14 јануари 2009

Wireless Transmission of Electrical Energy

Wireless Transmission of Electrical Energy is a dream since the time of Nikola Tesla... Eversince, a lot of people tried to achive it, but a very few actually did it...
Here is a succsessfull attempt...


A weblink with the details is included in the video, but here it is, so you wouldn't have to type it manually in to your browser:
-----
Безжичен пренос на електрична енергија е сон од времето на Никола Тесла. Одтогаш наваму, многумина пробале да го постигнат, но многу малку всушност успеале...
Еве еден успешен обид...


Адресата ја има во видеото, но еве ја и овде, за да не морате да ја типкате во вашиот пребарувач: