underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

10 февруари 2009

Кабловски професионализам

Добро, како поднаслов, ќе го крстиме ова "Како НЕ СЕ ПОВРЗУВА кабел"...


Планирав за денеска нешто друго да пишувам, ама појдов на гости и си излезе сама темата за која е време да се пишува :)


Имено, многу пријатели ми фаворизираат де еден кабелски оператор во Прилеп, де друг... Моето ФИКСНО мислење е: Ниту едните се професионалци, ниту другите... Напротив, толку се аматери и двата оператори и тоа и на полето на Интернет, и на полето Телевизија... За телевизијата во друг наврат, сега сакам да обратам внимание на Интернетот, и тоа не како квалитет на услугата, туку само ќе воочам една од првите работи кои секому паѓаат в очи. Самиот кабел.


Знам дека сега многу Прилепчани едвај чекаат да кажам за кој оператор зборувам во специфичниов случај, но нема да ја кажам таа информација од проста причина што и другите се сосем исти... Толку се исти, што кога ова би го читале и едните и другите, освен евентуално по локацијата на последната слика, нема теоретски шанси да се препознаат дали се работи за самите нив, или се другите :)


Па да почнеме...


profi1[1].jpg


Означениот кабел е УТП кабелот кој дистрибуира Интернет до компјутерот. Колку "професионално" е наместен УТП конекторот нема да коментирам (заборавив да го сликам, па да не чукам празна слама). Како што гледате, нема прицврстување ни со класична шелна (чини 1 денар и 4-5 удари со чекан за да се закова во дрвениот рам од прозорецот), ниту пак има некаква стега, која ќе обезбеди фиксирање на кабелот од внатрешната страна, во случај на истегнување од надвор...


profi2[1].jpg


...да , токму така, не е фиксирано ни однадвор :)


Да видиме понатаму...


profi3[1].jpg


...уау, се погрижиле за истегнувањето, има околу 20 метри екстра кабел (не трескам, реално приближната должина е таа)... па ако на комшиката од горе и` падне јорганот преку нашиов кабел, има доволно за до приземје. Само... нели ова предизвикува загуби во сигналот??? Незнам за каков кабел се работи, но ако нема оплет, овој кабел совршено би создавал интерференција сам на себе, од сопствениот сигнал...


...и најпосле...


profi4[1].jpg


...околу 30 метри кабел без ниедна потпирна точка од бандера до тераса? И ова наместено на околу 7 степени надворешна температура? Значи, летово нашиов кабел може да им смета на комшиите од подолниот кат...


И сега имам неколку прашања:


Прашање за моите пријатели: Дали сеуште мислите дека нашиве Прилепски оператори нудат квалитетна услуга?


Прашање до операторите: Знам дека најважно Ви е само да ги земето парите... Денес, на секој бизнисмен очигледно само тоа му е важно. Ама...


1. Како е можно да не ви изгледа невкусно сето ова?


2. Колку ви се зголемува профитот (а, колку Ви се намалува) со тоа што не местите switch на самата зграда, од каде може кабелот да се пушти по многу покултурен пат, а истовремено до тој switch кабелот може да стигне по многу покултурен пат?


И до општината: Претпоставувам дека ова ми е точно адресирано, ако не, препратете...


Кој им дава дозвола на нашиве кабловци да ни провиснуваат кабли по небото, во време кога во цел Свет сето ова оди подземно?


Патем, ако веќе мора да се решава вака, делете им барем прирачници за: етика и естетика и пропишете соодветни казни за тие што не се придржуваат до тие прирачници...


Па, до пред некои 10 години, Прилепското небо беше полно со чафки, а сега... незнам... чафки можеби има (додуша за ова се погрижи општината и најде начини и средства да ги иссели чафките, рака на срце), ама... не сум сигурен дали има чафки или не... не можам да видам... кога и да го насочам погледот нагоре, заглавувам на кабли... попречен сум...




Technorati : , , ,

Del.icio.us : , , ,

Zooomr : , , ,

Flickr : , , ,

09 февруари 2009

На екскурзија

Вчера бевме малку на екскурзија, до манастирот Св. Петка, Лениште. Нема да раскажам впечатоци, само ќе споделам со вас 8 од сликите кои ги направив таму, па ако како што велат, сликата вреди 1000 збора, исто како да сум напишал пост од 8 000 збора :)


Ако сликите побудат интерес во Вас за местото, се наоѓа на излезот од Прилеп, кон Плетвар. Сигурно Прилепчани го знаат "Ленишки Мост", е па токму пред него се врти десно, има знак. Ако доаѓате од другата страна (од Скопје, Велес или Кавадарци на пример) тогаш, веднаш после мостот лево... На нешто помалку од 2,5 километри пред клучката на влезот од Прилеп...


За подетално заинтересираните, Google Earth в раце и еве координати: Ленишки Мост, латитуда: 41°21'53.27"N, лонгитуда: 21°36'26.80"E. Манастир Св. Петка - Лениште, латитуда: 41°21'32.66"N, лонгитуда: 21°37'37.63"E



1.jpg


2.jpg


3.jpg


4.jpg


5.jpg


6.jpg


7.jpg


8.jpg

24 јануари 2009

Делење на Интернет конекција

Најчесто кога сакаме да поделиме Интернет конекција, сакаме да ја поделиме меѓу 2 компјутери. Ова го прави инвестирањето во switch малку голема инвестиција. Освен тоа, често конекцијата е ограничена на само 1 (една) MAC адреса, па ова оневозможува користење на истата конекција на повеќе компјутери.


Овде ќе објасниме како најлесно да се раздели Интернет врската со користење на 2 мрежни картички (првата веројатно е интегрирана и активна на вашиот компјутер, а втората, се купува од продавница за околу 300 денари).



(вака изгледа, да не ве излажат :) )


Отакако вградивте втора мрежна, останува правилно поврзување... Бидеќи малку е незгодно да сликам кај мене (на незгодно место е, да не се олцнам во сликањето :) ), позајмив една слика од Интернет...



Во нашиот случај Lan Card 1 останува поврзана со кабелот на кој добиваме Интернет (значи од ADSL модемот или од кабелскиот оператор), додека Lan Card 2 се поврзува со вториот компјутер/лаптопот или Wireless Access Point-от. Овој начин на делење нема смисла ако имате рутер, освен ако сте лимитирани на MAC адресата на компјутерот... Во случај на потреба од промена на MAC адреса на некоја картичка, повелете овде "Промена на MAC адреса".


После ова, само треба на Интернет конекцијата да кликнете со десен клик и од менито да изберите Properties, па на страничката Advanced да ја чекирате (штиклирате) опцијата "Allow other network users to conect through this computer's Internet connection". Потоа од паѓачкото мени "Home networking conecction" изберете ја картичката која треба да го предава Интернетот до другиот компјутер/лаптопот/wireless access point-от... И тоа е тоа...


Треба да знаете:


-Врската меѓу двата компјутери се прави со мрежен кабел, поврзан со cross-over начин. Ако поврзувате Wireless Access Point на втората мрежна картичка, би требало да користите кабел, поврзан со strait начин. (најлесно е кабелот да го купите, но ако инсистирате да го направите сами, а не знаете како, google-ајте и ќе научите што значат спомнатите поими и како се прави кабелот. п.с. можеби во иднина ќе објавам и водич за тоа... можеби...)


-Картичката која ќе го дели интернетот, автоматски ќе ја добие IP адресата 192.168.0.1


-Вториот компјутер, треба да има адреса 192.168.0.x (каде x е било кој број од 2 до 255)


-Gateway адреса на вториот компјутер се мести 192.168.0.1


-Доколку операторот не ви дал адреси на DNS сервери, стандардните DNS сервери на T-Home се 62.162.32.5 / 62.162.32.6 и 62.162.32.9 и можат да се користат независно од операторот преку кој сте поврзани на Интернет.


Забелешка: Се шпекулира дека овој принцип на делење на конекцијата не функционирал на Прилепски Кабелнет. Немам пробано и не знам дали ова е точно, но би ценел ако некој од Вас проба и го каже своето искуство во коментар.


Среќно делење...