underline

SashoZS's blog - sashozs.blogspot.com - Read at your own risk
авторот е неодговорен и затоа не е одговорен за евентуално умртвени мозочни клетки и/или губење на мозочни виуги

WD Ad

17 септември 2012

Де-инсталација на Rising Free AV (чекор по чекор)

Доколку користите Rising Free Antivirus, веројатно приметивте дека заклучно со 3-ти Септември истиот престана да се надградува. Од Rising тврдат дека ова е локален проблем (веројатно се мисли на локален Европски проблем), бидејќи во Азија и Австралија надградбите тековно се извршуваат без проблеми.
Како и да е, ние овде имаме проблем, односно мора да мигрираме на друго АВ решение. Кој анти-вирус ќе го користите останува на вас, а може да го препорачам Avast (клик на линков за објаснување чекор по чекор како да го инсталирате).
Во продолжение на оваа објава, следи чекор по чекор објаснувае како правилно да го отстраните Rising Free AV.


Чекор 1 (пуштање на програмот за деинсталација)

Изберете Start -> All Programs -> Rising Antivirus -> Uninstall


Преминете на чекор 2 ако ја имате оваа можност. Во случај да немате ваква опција, продолжете да го читате „Чекор 1“.

Изберете Start -> Control Panel


Во Control Panel изберете „Add or Remove Programs“


Ќе се отвори изборник за де-инсталација на програми. Пронајдете гоRising Antivirus, кликнете врз него, а потоа кликнете на копчето Change/Remove кое ќе се појави од десната страна.



Чекор 2 (процес на де-инсталација)

Пред вас би требало да е програмот за де-инсталација на Rising Antivirus.


Изберете Uninstall (ако веќе не е автоматски избрано) и кликнете на копчето Next.
Доколку сакате да ја зачувате конфигурацијата на RISING за во случај на инсталацијаво иднина, одбележете ја опцијата „Keep user settings file“. Најчесто, не е воопшто важно дали ќе ја одбележите оваа опција или не. Изберете „Next“


Пред вас се појавува нов прозорец, во кој треба да потврдите дека сте човек (ова е заштита, за да не може вирус или друг малициозен софтвер да изврши автоматска деинсталација на програмот.





Внесете го CAPTCHA кодот, и кликнете „Next“. По ова, ќе се изврши де-инсталација на Rising Antivirus.  Windows би требало да го активира механизмот за само-заштита и да ве извести со црвен штит покрај часовникот и инфромација дека немате инсталиран анти-вирус софтвер (можно е ова да не се случи, зависно од конфигурацијата на вашиот систем).

Најпосле, се појавува информација дека Rising Antivirus е отстранет од вашиот систем и понудена е можност да се рестартира компјутерот. Пожелно е, но не е обврзно да рестартирате (рестартирањето служи само за да се до-избришат одредени датотеки. Ако не рестартирате, истите ќе бидат избришани при следното рестартирање)


Со ова, де-инсталацијата на Rising Antivirus е завршена. Пожелно е веднаш да инсталирате нов анти-вирус софтвер, како на пример Avast, кој исто така е бесплатен.

Инсталација на Avast Free AntiVirus (чекор по чекор)

Во оваа објава е објаснето чекор по чекор, како да го превземете бесплатниот анти-вирус пакет Avast и како да го инсталирате истиот.
Процедурата се однесува на чиста инсталација, што значи дека се инсталира на компјутер на кој што тековно не постои друга анти-вирусна програма. Доколку имате друга анти-вируана програма, ќе ви биде понудена опција да ја деинсталирате или да го инсталирате Avast во компатибилен режим, при што Avast ќе работи како помошен АВ софтвер, покрај основниот кој веќе го имате. Ова не е баш добра идеја, бидејќи на тој начин видно ќе се намалат перформансите на вашиот компјутер. Пожелно е доколку имате друг АВ програм, да го де-инсталирате пред да започнете со инсталација на Avast.
Она што треба да се кликне, е одбележано (заокружено) со светло-зелен квадрат.
Доколку сакате подобро да видите некоја од сликите, кликнете врз истата за да се отвори во природна големина.

Чекор 1 (превземање)
Отворете Интернет пребарувач (Google Chrome, Mozilla Firefox или сл.) и насочете го на web страната на Avast: http://avast.com или едноставно, кликнете на линкот.

Кликнете врз копчето „DOWNLOAD“
 

Ќе се отвори прашалник за верзија


Изберете ја бесплатната верзија. Потоа ќе се отвори уште еден прашалник кој ќе Ви понуди пробна верзија на платена верзија на Avast.


Изберете „No thanks, I want free protection“. По ова започнува превземањето на бесплатната верзија на Avast.


Чекор 2 (пуштање на инсталацијата)

Откако ќе се превземе инсталационата програма за Avast, отворете ја (стартувајте ја) датотеката.


Windows ќе Ве запраша дали сте сигурни дека сакате да отворите извршна датотека која е превземена од Интернет. Потврдете го вашето барање со клик на копчето „Run“.




Чекор 3 (инсталирање на Avast Free AV)

Ќе се отвори прозорецот за инсталација на Avast.


Изберете ја опцијата „Express install“, по што инсталацијата ќе се изврши целосно автоматски. Откако истата ќе заврши, се појавува прозорец со следниот изглед


Кликнете на копчето „Finish“.


Чекор 4 (регистрација)

Иако Avast Free AntiVirus е бесплатен софтвер, производителот бара регистрација заради сопствена евиденција и маркетинг. Регистрацијата е многу брза, едноставна и бесплатна.
Веднаш откако ќе ја завршите инсталацијата, автоматски се отвора прозорецот за регистрација.


Овој прозорец повторно Ви нуди можност да го надградите софтверот на Internet Security пакет. Изберете „Register“, по што ќе се отвори формата за регистрација.


Внесете ги вашите податоци во соодветните полиња за Име, Презиме, e-mail адреса и држава. Одговорете на прашањето подолу (ако не знаете, само изберете „No“). На крајот, кликнете на „Register for free license“.
Се појавува прозорец кој ја потврдува успешната регистрација и ви нуди бесплатен 20 дневен пробен период на Internet Security. Изберете „Stay with basic protection“.


По ова, целата процедура е завршена. Avast сам превзема надградби и автоматски го штити вашиот компјутер од вируси и malware.

*Забелешка: Регистрацијата на Avast е валидна во тек на 1 година. По овој период потребно е да ја обновите истата. Процедурата за обнова е исто така едноставна како и при регистрација.

11 септември 2012

9/11 и по 11 години ми делува конспиративно

Денес се одбележуваат 11 години од „нападот“ на СТЦ. Или, подобро да кажам, прецизното минирање на СТЦ?
Нема многу да филозофирам, само ќе дадам неколку линкови.

Што треба да знаеме:
1. Zeitgeist (документарен филм - извадок):



2. 9/11 Controlled Demolitions of September 11, 2001:



Како всушност изгледа контролирано демолирање на згради:



И ајде уште еднаш да видиме дали има некоја сличност...


Според мене, секое понатамошно оспорување дека не се работи за контролирана експлозија, е исто како некој да тврди дека планетата е рамна плоча која ја носат бикови (или китови) на грбот.


10 септември 2012

Јајцето (линк: Офф Нет)

Интересна работа, ама се` почесто по нашите портали наоѓам работи со тежина. Во продолжение е почетокот од текстот „Јајцето“, кој се наоѓа на Офф Нет, а е оригинално напишан од Andy Weir.

=============
Патуваше накај дома кога загина. Беше сообраќајна несреќа. Ништо посебно, ама сепак фатално. Зад себе остави жена и две деца. Почина без болка. Брзата помош се обиде да те спаси, ама не успеа. Твоето тело беше искршено, вака ти е подобро. Верувај ми.


И тогаш ме сретна мене.
"Што... што се случи?" ме прашуваш. "Каде сум?"
"Умре," ти реков директно, бидејќи нема поента да бираме зборови.
"Имаше... имаше камион и се излизга..."
"Аха," ти одговорив.
"Јас... јас сум мртов?"
"Аха, ама немој да ти биде криво. Сите умираат," реков јас.
Почна да гледаш наоколу. Само празнотија. Бевме само јас и ти. "Кое е ова места. Ова е задгробен живот?" ме праша.
============

06 септември 2012

20 работи кои треба да ги знаете додека да наполните 25 години (линк: Црно Бело)

Пред малку прочитав една интересна и сосем вистинита статија на Црно-Бело. Интересно и чудно, ама има некој кој напишал вистинска работа, па сакав да ја споделам. Просто не ми се верува дека дадени се совети кои нема да го заглупат човек, туку напротив, колку повеќе луѓе ќе ги прифатат, толку повеќе ќе придонесат за општо добро :)

Колку да Ве заинтересирам:

20 работи кои треба да ги знаете додека да наполните 25 години


Како што поминуваат годините, учиме и стануваме свесни за многу работи. Понекогаш се каеме, но важно е дека од искуствата се учи најдобро.


Ако сакате да прифатите совет, ова се 20 работи кои треба да ги знаете додека да наполните 25 години:

1. Светот се обидува да те одржи глупав. Од каматите во банка до чудесни диети, луѓето кои не се образовани се многу лесни за да им ги земете парите. Учете колку можете повеќе за богатството, независноста и среќата.

2. Најдобро се учи од оние кои преживеале и искусиле нешто. Книгите и професорите не се некој извор на знаење. Вашето познавање расте преку луѓето кои имаат искуство.

3. Читајте колку можете повеќе. Една книга неделно.

4. Одржувајте контакт со сите, постојано. Научете да најдете барем една карактеристика која ви се допаѓа кај секоја личност. Возможно е.

...


05 септември 2012

Теории на заговор, вонземјани и глупи ТВ серијали

Ајде малку да учиме теории на заговор.

Сите сме чуле за масонски ложи, некои од нас чуле и за вонземјани кои го контролираат Светот. А оние кои посериозно се заинтересирале, сигурно дошле до информација дека всушност вонземјаните се тесно поврзани со масоните, односно дека масоните се под контрола на вонземјаните.
Вчера еден пријател ми прикажа (во брзање, јас се брзав, но ме интересираше, па измислив некоја минута) видео, во кое имаше сведочење во кое се тврдеше дека не се работи за една, туку за повеќе раси вонземјани. Ова ми беше јасно, но сведочењето отвори нови димензии. Знаете и тие имаат „teach me master“ едни кон други, како што ние би имале или веќе имаме. Значи, има и кај нив повеќе и помалку развиени. Целиот муабет има огромна логика и беше доста издржан. Да, во кратки црти, целосно се вклопува во приказната и ја потврдува идејата дека масоните се под контрола на вонземјани.

Од овие (вонземјаниве), како во секој добар филм, имаш добри и лоши. Поентата е дека добрите и лошите биле во војна која им се смачила (ако добро памтам, биле околу 600 000 год. во војна, кому не би му се смачило), па се договориле дека нема да војуваат - ама никој да не смее да се меша во развојот на други цивилизации. Сега нормално, се запрашувате „Што па ова со цивилизациите?“. Имено, една од главните (ако не и главната) причини за војувањето им била таа. Едните (лошите) си ги развивале цивилизациите во нивни интерес, да им бидат слуги и нормално, си ги ориентираат по потреба да војуваат на нивна страна. Другите (добрите), интервенираат во развојот, но во друга насока, која нормално, воопшто не им одговара на првите (ги развива во независни цивилизации). Тука зборуваме за нивоа на развој на свеста. Ги имало 11, ние сме биле на 3-то ниво и тоа многу одамна, без никаков напредок. За споредба, во игра биле преку 20-ина планети, сите (освен нас) со ниво на свестност од 4 нагоре ;) и покрај што некои од нив почнале од 0 после нас.

Кај нас, лошите успеваат сосем добро да не држат на 3-то ниво, зошто 4-тото ниво вклучува телепатија, телекинеза и глобална/заедничка свест, што оневозможува лаги и ја исфрла потребата од ТВ, Интернет, телефонија итн. Со тоа, се разбира, можноста да бидеме под контрола е многу намалена. Затоа, овие (лошите) повремено интервенираат, односно ни даваат по малку технологија, чисто за да се одржиме на ова (пониско) ниво. Тоа пак, од друга страна, го прекршува договорот за не-мешање во развојот, па добрите интервенираат на свои начини, како на пример преку духовни водачи (НЕ! НЕ СЕ МИСЛИ НА РЕЛИГИИ! Религиите се измислени од лошите. Овде се мисли на духовни водачи во побуквална смисла како Ramtha, или во смисла на научници, како на пример Nassim Haramein итн. да не забегам од темата, но за нив во друга прилика).
 


Звучи како војна на ѕвездите? Или како „Stargate“... Star Trek?   Можеби не во целост, но... :)

Освен што на ТВ гледаме лажни вести, гледаме и лажни „реални“ шоу програми, гледаме дури и лажни документарни филмови. Сите овие лаги ни се сервираат и на Интернет, но Интернетот некако почна да им излегува од контрола. Зарем ова не ги објаснува ACTA, SOPA и слични глупи закони кои се скриени зад завесата на copyright и авторски права? Лесно се контролираат телевизиите, ти треба само некој на повисока позиција во секоја од нив. Но на Интернет - „Try, and stop me“ ќе ти рече секој блогер за почеток. А некако многу сме :) Сваќате сега зошто во некои држави се роди идејата „данок на блог“?


А дали сега ви е јасно што претставуваат шпанските, индиските, турските серии? Тоа ти е „временска јамка“ која го затвора мозокот во циклус, при што те оневозможува рационално да го користиш истиот, на тој начин што му ги одзема сите ресурси со непотребни „обработки на податоци“. Исто како да поставиш наредба во некоја програма   while (pi==pi) do {}  ;)

04 септември 2012

Миграција Село-Град - Град-Запад

После втората Светска војна, на нашиве простори била модерна миграцијата село-град. Сега (нели, актуелен е почетокот на школската година) се повеќе се зборува дека нема деца во училиштата. Во некои села буквално нема деца. И сега, ова навистина им е чудно, па го кажуваат на вести, или само се прават на будали?


Државава до толку им обезбеди услови на селата, што чудно е што воопшто сеуште некои од нив имаат по 3-4 жители. Исрено, не дека на градовите им обезбеди повеќе. Имаме „прекрасни“ услови за работодавците, кои се приморани (добро, најчесто не се приморани, ама им се може) да даваат мизерни плати. Со тоа, работникот е „силно мотивиран“ да работи за платата која не стига ни за да си ги плати сметките, а не пак да живее. И така пополека, равенката се сведува на еден друг заклучок исто така дофатен од вести (а бе, не гледам вести, сериозно, ама кога други гледаат, дослушнувам по нешто, сакал-неќел): „Македонија старее“. Па добро де, нормално дека старее, не ќе се подмладува сега. Демек, сме имале се повеќе постари лица (сениор ситизентс), но се` помалку деца.


ГЕТ РИАЛ -  За да имаш деца, треба да ги прехраниш, школуваш, облечеш итн. НО, услови за такво нешто во оваа држава нема. По која логика сакате, драги господа, Македонија да не ви старее? Секој нормален млад човек бара само најмала прилика и испарува од државава. До пред некое време оваа постапка силно ја критикував. Од пред некое време, совршено „си легнав на брашното“ и ја поддржувам. Еве ја равенката, која и сами ќе ја решите:

Кога би имал прилика да заминам и да работам на запад:
1. Можам да останам овде, со надежта дека ќе биде подобро или (условно); или
2. Можам да заминам со првиот автобус/авион и да заработувам нормална плата, да имам нормален живот и нормално да го прехранам, облечам и школувам детето.

Што мислите, која опција ќе ја одберам? Која опција би ја одбрале Вие?


Бонус прашања, што мислите:
1. Зошто има се` помалку деца во училиштата?
2. Зошто Македонија старее?
3. Уште колку долго ќе има на кого да му бидат политичари овие нашиве? ;)

03 септември 2012

9 од 10 македонци живеат под стрес, 10-тиот живее...

Чудна работа. Плаќаме поскап киловат час дури и од САД, ама пак ни` е евтино. Земаме преку 10 пати пониска плата, ама нема врска, евтино ни` е бе. Кој што ни` може. Ако не за друго, за инает на грците ќе плаќаме повеќе и од нив. Да видат тие. Знам, сега сите ќе речат „Види го ненормален“, ама јас имам таков впечаток. Се организираат протести, ама дали на народот не му е скапа струјата/парното/воздухот итн. или се работи за пасивност? Важно, активност некако нема.
Мене ми мириса како да е ова последново во прашање. На прв поглед, сите плачат дека се` им е скапо, но кога некој организира протести, најпрвин кликаат Attending преку 500 луѓе (во таа цифра не ги бројам оние кои кликнале Maby), а на протест се појавуваат едвај 300.
Македончето е навикнато на пасивност. Смета дека другите ќе му ја завршат работата. Од друга страна, се плаши да не го изгуби работното место, а со тоа (ха ха хаааа) платата. А која плата бе? Не-цели 200 евра? Па децата на запад имаат повеќе џепарац од она што овде го викаме „плата“. И немој некој да писнал дека друго е таму, зошто вистината е дека таму е навистина друго. Цените се исти (па и пониски) во споредба со нашите, ама плата викаат некој прилив кој има една нула повеќе на крајот од цифрата. Заеби, американци, германци... западњаци бе, се` мора да им биде големо, и колите и мобилните телефони и платите, само плаќањата треба да им се мали. Чудни некои луѓе, како им е интересен животот, кога не мора да се пресметуваат каде да се раздолжат овој месец, а кому да останат должници? Глупости!


Некој, добро се сетил да направи еден демотиватор на темата. И сурово е реален.
Ако Ви се добри цените, седете си дома и гледајте си турски серии (хммм... ете добра тема за некој следен текст). И немој некој да се секира за своите деца (па дури и ако сеуште ги нема), ќе се снајдат тие. Ехеее, има време до тогаш, ќе ги воспитаме и нив да чекаат друг да им ја заврши работата и да смислуваат како да преживеат со плата која не стига ни за сметките да ги покрие. Па ќе научат бе нешто и од нас, секој ден гледајќи ги родителите како пцујат по телевизорот и чекаат сам да се реши проблемот... или да го реши некој друг, сеедно. И да Ве потсетам, турските и индиските серии се поважни од ова што го пишувам. Море и шпанските серии се поважни. Немој случајно некој да читал за време-траење на турска или индиска серија или па да излезе на протест.

А ако случајно Ви се смачи од тоа да не` прават овци - третиот протест за Прилеп е закажан за утре, 04-09-2012 во 19:00 кај споменикот на Аце. Во другите градови би требало да е во исто време, ама... што се секирам јас за тоа? Ако некого сериозно го интересира, ќе се заинтересира и ќе разбери сам.

За крај, една добра-мисла која ја прочитав пред некое време на Facebook:

9 од 10 македонци живеат под стрес,
10-тиот живее во странство
;)

01 септември 2012

Се работи!


Влезот е забранет! Се работи. Не се знае точно кој кого го работи, во главно, секој работи што/кого ќе стигне. Но логиката вели дека политичарите го работат народот - и тоа на големо.